Blog

Охрид центар на европскиот лајонизам

News_fr

Охрид викендов е домаќин на Деветтиот конгрес на лајонс клубови од градови под тврдини, еден од најголемите собири во лајонистичкото движење во Европа оваа година.

На отворањето на Конгресот чие мото е „Историските тврдини, лулка на идните генерации“ се обрати претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој истакна дека членовите на Лајонс клубовите, се луѓе кои се свесни за проблемот што не го предизвикале, но сепак се подготвени да преземат одговорност за негово решавање.

– Нема позначаен, повисок и похуман повик од тоа да им се служи на оние кои имаат потреба, кои се во неволја, да му се служи на општеството, професионално, посветено и несебично од срце, а лавовското срце е токму такво – исполнето со храброст, сила, подготвено за акција и верност кон пријателите, принципите и должноста, рече Иванов.

Пред присутните се обрати и претседателот на Асоцијацијата на Лајонс клубови од градови под тврдини Диего Морлин, кој укажа на хуманата мисија на лајонсите.

-Мотото на конгресот „Историските тврдини, лулка на идните генерации“ всушност е позитивна порака насочена кон иднината, рече Морлин.

Милионите членовите на лајонс клубовите ширум светот се познати како витези на слепите. Исто така тие преку проекти и хуманитарни активности им помагаат на болните и изнемоштените, на младите и старите и на жртвите од елементарни непогоди, и се докажани борци за зачувување на животната средина.

Благодарение на програмана на Интернационалната асоцијација на лајанс клубови досега 30 милиони луѓе во светот со проблеми со видот можат да гледаат, а над 12 милиони млади се дел од образовната програма за борба против дрогата и насилството.

Домаќин на деветтиот конгрес на лајонс клубови од градови под тврдини е лајонс клубот „Десарети“ од Охрид.

OhridNews
Фото: „МИА“